Понуда за компании
Нема повеќе паника пред празници. Нема повеќе евтини подароци што завршуваат заборавени. Во Клевер добивате квалитетни брендирани даровни сетови што луѓето навистина ќе ги користат
Вклучете звук и изгледајте до крај
Пополнувате кратка форма за 30-тина секунди преку која ќе се запознаеме со вашите барања.
Нашиот тим ве контактира за подобро да ги разбереме вашите потреби и да ви подготвиме понуда соодветна на вашите барања
Откако ке изберете производи кои сакате да се печатат со вашето лого, ви испраќаме предлози за принт
Производство, квалитетна контрола и испорака директно до вас. Готово!

Клевер-МК со својот стабилен и динамичен раст стана афирмиран бренд на македонскиот простор токму заради следењето на пробирливите барања на пазарот, решавањето на дилемите на клиентите околу соодветен избор на материјали, остварувајќи деловна соработка со реномирани глобални брендови од оваа област со цел во секое време да има најквалитетна понуда на канцелариска опрема на нашиот пазар.Располага и со сопствена производна линија за регистратори и папки како стандардна продукција и производство по специјална нарачка и дадени спецификации.
Работиме со нарачки од 10 парчиња нагоре. За помали количини, контактирајте не за специјална понуда. За премиум custom сетови, минимумот може да биде и помал.
Сѐ зависи од комплексноста на нарачката. Некогаш целиот процес од првичниот разговор до финалната испорака може да трае 5-7 работни дена, но некогаш тоа може да биде и истиот ден. Имаме и експресна достава, до ваша адреса.
Секако! Сите наши производи можете да ги видите во живо во нашиот продажен салон во Автокоманда, Скопје. Стоиме на располагање за било каков начин преку кој ќе ги опипате и видете производите кои сакате да ги нарачате!
Апсолутно! Тоа е нашата специјалност.
Можете да направите целосно custom сет комбинирајќи било што од нашиот асортиман:
Пример: 50 ранци + 50 термос шишиња + 50 тефтери = 50 business сетови
Сè се пакува заедно во брендирана кутија или торба
Секој производ се печати со вашето лого
Нема ограничувања - вие одлучувате!
Зависи од неколку фактори:
Техника на печат: Ситопечат, сублимација, гравура, вез, UV печат
Број на бои: 1 боја, повеќе бои, full color
Локација: Еден дел од производот или повеќе страни
Количина: Поголема количина = пониска цена по парче
Најчесто: Печатот е веќе вклучен во цената на производот доколку нарачката е поголема како што најчесто нарачуваат компаниите. Но како и да е, нема скриени трошоци!
За точна цена, контактирајте не со спецификации и добивате детална понуда.
Да! Испорачуваме низ цела Македонија
Скопје: Нареден работен ден
Останати градови: 2-3 работни дена
Поголеми нарачки: Можеме да испорачаме и на повеќе локации истовремено (пр. различни филијали)Трошоците за достава зависат од тежина и локација, но честопати се минимални.
Да, секако! Контактирајте нѐ и сѐ ќе ви објасниме.
Имаме 100% гаранција за квалитет:
Ако има дефект на производот → Го заменуваме бесплатно
Ако печатот не е квалитетен → Го печатиме одново бесплатно
Ако не сте задоволни со дизајнот → Правиме неограничени ревизии
Ако грешката е наша → Полна рефундација + бонус попуст на следна нарачка
Преку 98% од нашите клиенти се задоволни и нарачуваат повторно!
Да, тоа е најчест случај! Пример:
100 чаши со вашето лого
100 тефтери со истото лого
100 пенкала со истото лого = 100 комплетни сетови со иста визуелна идентичност
Дизајнот се прилагодува еднаш, па се печати на сите производи. Ефикасно и економично!
Работиме главно со компании (B2B), но прифаќаме и нарачки од физички лица за:
- Венчавки (брендирани подароци за гости)
- Значајни настани (јубилеи, роденденци)
- Спортски клубови и здруженија
= Училишта и градинки
Минималната количина останува 20 парчиња.